Стеф Кeри постигна 22 поени во третата последователна победа на Голден Стејт, со што тимот од Калифорнија се израмни со уште два тимa од плеј-инот од Западната Kонференција на само два натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната. Во последните 96 минути пред елиминациите, Вориорси влегуваат израмнети со Сакраменто Кингс и Лос Анџелес Лејкерс.
Откако Кингси загубија дома од Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 123-135, Вориорси како гости го совладаа Портланд Трејл Блејзерс со 92-100 и до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе се води „мртва“ трка за тоа која екипа ќе има пол-позиција во плеј-офот.
Покрај Стеф Кeри, во таборот на Голден Стејт одличен беше и Куминга со 19 поени, додека кај поразениот тим се истакна Ајтон со 25 поени и 11 скока. Предводници на Њу Орлеанс, пак, беа МекКалум и Вилиамсон со по 31 поени, а за Сакраменто два поени повеќе постигна Фокс.
Пласман во елиминационата фаза обезбедија Денвер Нагетс, Оклахома Сити Тандер, Минесота Тимбервулвс, Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс, а конечните позиции сè уште се отворени.