ВЕСТИСВЕТ

Макрон повика на трајно зголемување на одбранбеното производство

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика француската одбранбена индустрија трајно да го зголеми производството на оружје во услови на војна во Украина.

„Мораме трајно да се подготвиме за геополитичка и геостратешка промена во која одбранбената индустрија ќе игра растечка улога“, рече Макрон поставувајќи камен-темелник за нова фабрика за експлозивен прав за компанијата Еуренко во југозападниот град Бержерак.

„Потребна е воена економија за да може Украина да биде снабдена со оружје за да се одбие руската инвазија, како и за нашата одбрана“, рече тој и додаде дека „оваа динамика почна во Европа и светот и таа е исто така во наша корист“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button