
Коалицијата ВРЕДИ оствари средби со дијаспората во Швајцарија и Германија. Билал Касами од Цирих рече дека за прв пат Албанците од Скопје, Приштина и Тирана се обединија за да донесат промени. Тој рече дека Тирана и Приштина утре во Владата на Македонија ќе имаат поддршка од ВРЕДИ.
„Денес сме овде поради друга причина. На Албанците од Македонија им треба промена повеќе од кога било. На Албанците им треба оваа корумпирана влада да си замине која направи милиони со злоупотреба на вашите средства. Им дадовте пари да се борат и да бидат слободни, тие ги злоупотребија и денес станаа милионери“, рече Билал Касами, ВРЕДИ.