ВМРО-ДПМНЕ од централниот собир одржан во Берово побара масовна поддршка на изборите на 8 мај, како што велат, да се расчисти патот кон ЕУ.
Христијан Мицкоски ја обвини власта дека ги лаже граѓаните за членството во ЕУ и дека, според него, веќе никој не верува во овие лаги.