ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со изборите

Антикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со изборите

Од распишувањето на изборите, Антикорупциска има формирано 45 предмети поврзани со изборна корупција. Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби.

Advertisements

Првиот човек на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во интервју за Радио Слободна Европа вели дека само половина од институциите ја исполниле законската обврска да ги презентираат службените возила на оваа институција. За останатиот дел, Антикорупциска ги известила институциите кои избираат и именуваат функционери бидејќи законот не предвидува санкции./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button