Шпанскиот весник АС тврди дека Иван Ракитиќ е најсериозен кандидат за асистент на новиот тренер на „каталонците“, Ханси Флик со оглед на тоа што германскиот стручњак не го познава добро шпанскиот јазик, додека Ракитиќ совршено зборува и германски и шпански.
Во комбинација биле уште Тијаго Алкантара, Марк Бартра и Хави Мартинез, но сите тројца се уште се активни фудбалери и сакаат да ги продолжат своите кариери.
Активен е и Ракитиќ, има 37 години и игра во саудискиот Ал Шабаб со кого е врзан и идната сезона, но најверојатно планира да стави крај на кариерата.
Тој одлично ја познава Барселона, за овој клуб одигра 333 натпревари и освои 13 трофеи, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите и четири во шпанското првенство.