Изложеноста на сонце ризик за појава на меланом на кожата

Со какво било изложување на сонце, кога индексот на ултравиолетовото зрачење е премногу високо, ризикот од појава на рак на кожата се зголемува. Дерматолозите велат дека непосредните ефекти од овие зраци може да бидат изгореници на кожата, дехидрација или инфекции. На долг рок, ултравиолетовите зраци, исто така, може да предизвикаат стареење на кожата.
„Главната работа е акутниот елемент, да не се изгори кожата, бидејќи покрај овие непосредни ефекти како инфекција што може да ја има пациентот, ризикот за рак на кожата исто така може да се зголеми и тука зборувам за меланом, кој како што реков се појавува кај пациенти кои имаат предиспозиција, таа предиспозиција се зголемува 50 проценти со секоја изгореница на кожата. 01:04. Во текот на целиот живот сме изложени на ултравиолетови зраци, а со тоа се зголемува можноста за развој на други карциноми на кожата, кои луѓето ги знаат и како бел карцином“, рече Нора Положани, дерматолог.
Со цел да се избегнат овие ефекти, дерматолозите препорачуваат употреба на крема за сончање со заштитен фактор. Положани вели дека луѓето кои се најмногу изложени на сонце треба да аплицираат крема на секои два часа.
„Нормално СПФ 30 треба да се користи минимум, но кога УВ индексот е висок, како што ќе биде во текот на овие денови, пожелно е да има заштитен фактор од 50. Значи, за летната сезона би претпочитала сите да го користат заштитниот фактор SPF 50, поради позиционирањете на сонце и бројот на сончевите денови што ги имаме за време на летната сезона“, додава Положани.
На екстремно високи температури, заштитната крема можеби не е доволна, па затоа се препорачува да се носат и капи, чадори, како и да се покрие поголемиот дел од кожата со лесна и светла облека и со природни материјали.
Ајнур Бафќари