Првпат во светот млада жена излекувана од дијабетес тип 1 со помош на сопствените матични клетки

Млада пациентка од Кина била излекувана од дијабетес тип 1 со помош на матични клетки и ова е првпат во светот научниците да успеат да го сменат текот на оваа автоимуна болест. Терапијата со матични клетки успеала да го промени текот на дијабетесот тип 1 кај 25-годишна жена – болест која го спречува панкреасот да произведува инсулин.
Пациентката од Тијанџин, Кина, е првата личност во светот со оваа болест која ја лекувале научници од Универзитетот Алберта во Канада со помош на клетки извадени од нејзиното сопствено тело.
Жената е излекувана од дијабетес тип 1 и покрај тоа што примала значителни количини на инсулин
Младата жена со дијабетес тип 1 почнала да произведува инсулин помалку од три месеци откако примила терапија со матични клетки, односно регенеративен лек што користи матични клетки за лекување или превенција на болести или повреди.
По повеќе од една година од трансплантацијата, жената рекла дека почнала да јаде сè, па дури и шеќер.
Експертите од Универзитетот Алберта не ја криеле среќата, но и чудењето од постигнатите резултати.
– Целосно го сменивме дијабетесот на пациентот, кој претходно имаше потреба од значителни количини на инсулин – нагласил д-р Џејмс Шапиро, хирург за трансплантација и истражувач на Универзитетот Алберта.
Извор: Daily Mail