ЗДРАВСТВО

Костов: Се намалува возраста на лица со срцеви заболувања

Се намалува возраста на лица со срцеви заболувања, неопходно е да се дејствува превентивно и врз работи на кои може да се влијае. Ова меѓу другото го истакна денеска Јорго Костов од Македонското здружение по кардиологија на одбележувањето на Денот на срцето, одговарајќи на новинарски прашања.

Advertisements

– За жал, возраста се намалува. Тоа е фактички придонес од севкупниот начин на живот, темпото на живот. Покрај многуте други фактори, можеби еден од најголемите, исто така е и факторот стрес. Тоа е причината што многу млади луѓе се јавуваат со проблематики, симптоми. Во многу порана возраст од тоа што беше случај во претходните години. Секако дека тука е семејната оптовареност исто така, секој пациент е индивидуа сам за себе, додаде Костов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button