МАКЕДОНИЈА

Зибери: Во многу институции при вработувањето сѐ уште има дискриминација по етничка основа

Бројот на вработени на збирно ниво во јавниот сектор е намален за 2.488 лица за разлика од 2022 година, кога вкупниот бројот вработени изнесуваше 130.377 лица, наспроти 127.889 лица ви 2023 година, покажува Посебниот извештај за 2023 година изработен од Народниот правобранител, а кој се однесува на следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор.

Advertisements

Народниот правобранител, Насер Зибери на денешната прес-конференција истакна дека анализата покажува дека мал е бројот на институции, установи, единици на локалната самоуправа и субјекти формирани од нивна страна, кои имаат солиден учинок во остварувањето на начелото на соодветна и правична застапеност, за разлика од оние кои не ги задоволуваат законски пропишаните норми и кои отстапуваат на сите полиња.

-Со соодветна и правична застапеност која ја отсликува реалната состојба на бројот на населението по етничка структура може да се пофали Собранието на Република Северна Македонија, неколку министерства, може да се пофалат неколку единици на локална самоуправа без оглед каде е доминантно македонското или албанското население, но има многу институции каде отстапуваат од ова правило и јас при објавување на минатогодишниот извештај ги цитирав и по име. Промена или подобрување нема и во моментов можам да ги спомнам. Македонската академија на науките и уметностите од 91 вработен, 90 се Македонци, само еден е Албанец и ниту еден од друга етничка заедница. Може да ги спомнам и јавните државни претпријатија како што е МЕПСО, како што е ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор кадешто етничката застапеност е крајно непочитувана и таа е под 10 отсто, односно само 6 отсто на албанската етничка заедница, под 1 отсто на турската етничка заедница. Има институции кои се солидни и има институции кои ги надминуваат процентот на застапеност но има и некои кои сериозно потфрлуваат. Не е подобра состојбата и во Врховниот суд. Тука секогаш зборувам за вработените, не за лица избрани и именувани. Не е подобра ситуацијата и во кабинетот на претседателот на државата и во самиот Секретаријат на Владата, рече Зибери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button