ЗДРАВСТВО

Медицинскиот персонал од „Козле“ од премиерот и министерот бараат разрешување на директорката

Медицинскиот персонал во детската болница „Козле“ со отворено писмо упатено до премиерот Христијан Мицковски и министерот за здравство Арбен Таравари. Бараат разрешување на директорката на „Козле“, Каролина Симоновска, како што велат со своите постапки ја уништува болницата каде има голем број оставки и откази.

Advertisements

Во писмото се наведува и дека незаконски се разрешени внатрешните членови на Управниот одбор, вработените се отпуштени за време на боледување, директорот ги попречувал законските права на вработените, забранува поднесување претставки и навремено доставување на потребни документи при Државната комисија од втор степен. Постојано ги обвинува колегите за организациска неспособност, невнимателна работа.

Во екот на сезоната на респираторни инфекции, го намали бројот на дежурства, постојано вршеше психолошки притисок и мобинг врз лекарите и другиот персонал, се вели меѓу другото во писмото на вработените во болницата „Козле“. Во меѓувреме реагираше директорката Симоновска која истакна дека нема отпуштања и дека клиниката работи со целосен персонал. Се вели дека реакцијата доаѓа од мала група поединци кои само ги гледаат своите интереси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button