МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца скопјани, пронајдени марихуана, пиштол, куршуми

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.(74) и С.В.(45), осомничени за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Advertisements

По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, соопштија денеска од МВР, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со околу 10 килограми марихуана, неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.

– По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик, стои во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button