
Јаткастите плодови, иако мали по големина, се вистински богат извор на влакна и протеини. Овие два хранливи елементи не само што помагаат да се чувствуваме сити подолго време, туку и го забавуваат варењето и го одржуваат нивото на шеќер во крвта стабилно, обезбедувајќи му на телото неопходна енергија, пишува „Е-клиника“.
Јаткасти плодови со најмногу протеини
Кога станува збор за протеините, некои јаткасти плодови се истакнуваат по својата нутритивна вредност. Истражувањата покажуваат дека кикириките, бадемите и ф’стаците имаат количина на протеини слична на онаа во едно јајце (околу 6 грама), што ги прави одлична алтернатива во исхраната.
Кикирики
Кикириките содржат околу 7 грама протеини на 60-70 грама. Иако технички се сметаат за мешунка, тие се користат како орешест плод поради својот вкус и хранливост. Со повеќе од 7 грама протеини и 2 грама влакна по порција, тие се совршени за ужина, додавање во салати или солени јадења.
Бадеми
Една порција од 23 бадеми содржи 6 грама протеини и 3,5 грама влакна, што ги прави одлични за здравјето на срцето. Бадемите можат да се користат како закуска, додаток во салати, пецива, слатки или да се зачинуваат и печат по вкус.
Ф’стаци
Со 6 грама протеини на 30 грама, ф’стаците се исто така богати со калциум, витамин Б6 и манган, кои придонесуваат за добар имунитет и здрави коски. Ф’стаците се одлични како ужина, но и како додаток во солени јадења, особено со риба и пилешко.