ЗДРАВСТВО

Приведен лекар од битолската Клиничка болница поради примање поткуп

Полицијата вчера го привела М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола поради сомневање дека примил поткуп. За него е предложена и мерка притвор, бидејќи, според битолското обвинителство, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Advertisements

-На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско, велат од МВР.

Појаснуваат дека кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.

Основното јавно обвинителство Битола, пак информира, дека повело постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска  со став 3 и став 2 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button