ЗДРАВСТВО

Повторно недостиг на лекови за онколошки болните пациенти

Повторно пациентите со онколошки заболувања се соочуваат со недостиг на биолошка терапија. Во моментов недостигаат две терапии, додека на крајот на месецот недостасуваат и некои други терапии. Од 15 март започна да недостасува една терапија, додека во следните денови започна да расте недостигот на други терапии. Покрај недостигот на лекови за рак на дојка, недостигаат и лекови за рак на белите дробови. Пациентите велат дека оваа година е доделен најголем буџет за Клиниката за онкологија, но тоа не можат да го забележат во пракса бидејќи повторно се соочуваат со недостиг на терапии.

Advertisements

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, рече дека ова се случило поради обновувањето на системот во Канцеларијата за јавни набавки и дека пред Велигденските празници ќе пристигнат сите потребни лекови.

Пациентите со рак исто така се жалат на недостигот на медицински кадар во Клиниката за онкологија, бидејќи редовите и толпите во клиниката немаат крај. И на почетокот на годинава, пациентите со рак се соочуваа со недостиг на шест биолошки терапии, а нивното снабдување се одложуваше од недела во недела. Здравствените власти ветуваа дека таква ситуација повеќе нема да се повтори.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button