Пациент со корона скокнал од прозорец во „8 Септември“ и се самоубил

Претпладнево санитарниот персонал во волницата „8 Септември“ ги чистеше трагите од крв на земјата. Пациент со ковид си го одземал животот во 7.30 часот.
70-годишник од Инфективното одделение во ковид центарот во болницата 8 Септември се самоубил три дена откако бил хоспитализиран како резултат на компликации од корона вирусот, скокал од прозорецот на првиот кат во болницата.
Од управата велат дека лекарите сториле сè за да му го спасат животот, но залудно. Дежурната екипа ја известила полицијата и надлежен обвинител извршил вештачење на местото на трагедијата. Мртвото тело е испратено на обдукција.
Болница „8 Септември“: „Во тешка состојба, под психолошка контрола и покрај сите преземени мерки, пациентот А.Ц. роден 1950 година скокнал од прозорец. Дури и по постапките за реанимација од страна на присутните лекари, беше констатирана смрт.“
Психолозите имаат објаснување. Велат – некои од пациентите кои имаат проблеми со дишењето сакаат да излезат од затворената просторија.
„Што да кажеме за една ваква ситуација, со толку сериозна траума? Таа предизвикува многу сериозна ментална состојба кај луѓето со многудимензионални психолошки последици, не само физички, туку и психички, како што се стрес, страв и вознемиреност.“, рече Гентиана Мехмети, психолог.
Министерството за здравство соопшти дека е формирана посебна инспекција која ќе го испита случајот.
Аднан Ќаили