СПОРТ
Ѓоковиќ е првиот финалист на грен слемот „Австралија опен“
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на грен слемот „Австралија опен“. Светскиот рекет број 1 во полуфиналето го совлада Русинот Аслан Карацев. Српскиот тенисер во финалето ќе игра со победникот помеѓу Медведев и Циципас. Во меѓувреме во женска конкуренција во финалето ќе се сретнат Јапонката Наоми Осака и Џенифер Брејди. Женското финале е задутре, а машкото во недела.