ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков повторно во судница, овој пат за „Тортура“

Сашо Мијалков повторно во судница. Од притвор денеска беше донесен за да му се суди во случајот „Тортура“ за бруталното апсење на Љубе Бошковски во 2011 – та година. Сведочеше еден од шесте припадници на единицата „Алфа“ која го упаси Бошкоски. Раскажа дека не употребиле сила туку напротив Љубе Бошкоски пробал да бега и давал отпор. Петар Милошовски при сведочењето го обвини СЈО и сегашниот обвинител дека токму тие извршиле тортура врз него. Рече дека истражители од СЈО го уценувале да го смени исказот и да каже дека Бошкоски не давал отпор кога го апселе. Заканите дошле од двајца истражители. Еден од нив бил и Примислав Димовски кој и беше шеф на единицата Алфа и истражител во СЈО. Заканите и уцените стигнале од друг истражител.

Advertisements

„Имав средба во едно кафуле на улица Рузвелтова, каде еден од истражителите во СЈО ми кажа дека обвинител барал да кажам дека некој издал наредба Бошковски да биде легнат на земја. Ми рече да го сменам исказот со објаснување дека јас не сум битен во случајот. Битен е првообвинетиот Сашо Мијалков“, вели Петар Милошевски, обвинет во „Тортура“.

Сведокот Милошевски посочи дека никогаш не добил директна наредба од Мијалков за ништо. Дознал дека ќе се апси Бошковски само половина час пред да се организира акцијата. Во „Тортура“ освен Мијалков обвинети се и уште шест припадници на единицата „Алфа“ за понижувачкиот начина на апсење на лидерот на Обединети за Македонија. На денешниот процес за „Тортура“ како јавност беше присутно семејството на Мијалков – сопругата и двата сина. Но освен нив целото судење го следеше и Ивица Коневски – поранешен градоначалник на Аеродром и сега еден од најгласните критичари на Христијан Мицкоски и еден од иницијаторите за вонреден конгрес во ВМРО – ДПМНЕ за промена на лидерот на партијата.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button