ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна демонтирањето на една од галиите на Вардар

Несереќен ден за бродот на „среќата“. Од денеска клуч за галијата во Вардар бидејќи почна негово демонтирање. Јавното претпријатие „Улица и патишта“ со недели ќе го демонтира бродот, а денеска се вадеше инвертарот од него.. Скопскиот градоначалник Шилегов вели дека бродот се трга од коритото од реката по раскинување на договорот.

Advertisements

„Не станува збор за нешто дека постои судска забрана од една страна, од друга страна од моментот кога ние го раскинавме договорот, го раскинавме заради неплатени три закупнини, после раскинување на договорот закупнините беа платени, а средствата му беа вратени. Во правна смисла гледано после таа уплата не влијае врз раскинување на договорот, после раскинување на договорот едноставно нема ефект“, рече Шилегов.

Од фирмата сопственик на бродот велат дека нелегално се демонтира галијата.

„Ова е приватна инвестиција 100 процентно од бугарски граѓанин – инвеститор. Инвестирано е 1,2 милион евра. Сè уште не е укината дозволата за поставување на урбана опраема, што значи дека правниот акт врз кој е поставен овој брод, сè уште постои и е во сила. Нема правен акт со која е укината дозволата за поставување на урбана опрема“, рече Жарко Миленковски, управител на фирмата „Сервис Емус“.

Галијата ќе биде сместена во склад на Град Скопје, од каде сопственикот ќе може да си ја земе. Од фирмата рекоа дека за случајот ја информирале Бугарската Амбасада и ЕУ. Слична судбина ја очекува и галијата кај МЕПСО, за која се чекаат судските постапи. Во Вардар ќе остане само галијата кај ГТЦ, бидејќи фирмата досега го нема прекршено договорот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button