ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши: Оптимизам по средбата со Заев

Имаме напредок во преговорите и за неколку дена би можело да се дојде до заеднички решенија, рече претставникот на Алтернатива во разговорите со премиерот Заев во врска со законот за добивање на државјанство. Како што кажа Гаши, за него и за лидерот на партијата Алијанса за Албанците, средбата е позитивна.

„Ние сме оптимисти дека за неколку дена можеме да дојдеме до еден заеднички текст и решенија кои би довеле до завршување или окончување на проблемот со законот за државјанство. И ние и власат се базираме на стандарди кои се применуваат во најразвиените европски држави“, рече Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button