МАКЕДОНИЈА

Заев: Лицето Александар не е вработено во семејните фирми на Заеви

Уапсеното лице за коешто се тврдеше дека е личен шофер на братучед на премиерот Зоран Заев, не е вработено лице во компанијата на неговиот роднина, рече премиерот Заев во одговор на новинарско прашање. Како што кажа тој, неговиот братучед веќе имал и јавен коментар за таквите наводи во јавноста.

„Лицето Александар, не го знам презимето, не е вработен во семејните фирми на Заеви, ниту пак, комбето е во сопственост на фирми на Заеви, има грчки регистарски таблички. Немам што да додадам или да одземам. Законот важи еднакво за сите“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button