ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи за наводите во „нон-пејперот“: Словенечките власти отфрлаат постоење на таков документ

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи не е загрижен за состојбата во земјава во врска со контроверзниот кон-пејпер за кој пишуваа дел од словенечките медиум. На денешната прес конференција Османи изрази поголема загриженост за стабилноста на регионот бидејќи, како што кажа, земјава го обезбедила територијалниот интегритет со членството во НАТО.

Advertisements

Османи додаде дека во комуникација со словенечките власти било обезбедено дека таков документ не постои.

-Пред се, кога немаме факти или докази за тоа. Мислам дека и премиерот Јанша и сите словенечки претставници ја отфрлија нивната поврзаност, односно нивното авторството во врска со овој нон-пејпер. Знаете, во надворешната политика шпекулациите може да ги чинат скапо меѓународните односи и затоа треба да бидеме многу внимателни кога немаме никакви потврди или докази дека една иницијатива е поврзана со одредена држава, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button