ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изгоре стан во Тетово, плинска боца најверојатна причина за пожарот
Плинска боца предизвика пожар на петтиот кат во станбена зграда на Булеварот „Илирија“ во Тетово. Пожарот избувна изутринава околу 7:50 часот, а пожарникарските екипи пристигнаа само неколку минути подоцна, со две возила и осум пожарникари. За краток период огнот беше локализиран и целосно изгаснат. Во пожарот нема повредени, иако во моментот во станот имало луѓе.
На местото на настанот има припадници на Секторот за внатрешни работи Тетово, кои ги констатираат причините за пожарот и висината на материјалната штета.