Еснафите во старата скопска чаршија бараат олеснување на мерките и дозвола за свадби

„Кризата со пандемијата и натаму влијае врз бизнисите во Старата скопска чаршија. Уште повеќе последици имаат занаетчиите кои велат дека се борат само за да преживеат“.
„Кај нас занаетите, од пандемијата, во вториот месец од минатата година, над деведесет проценти, да не речам 95%, работата е стопирана. Само ние знаеме како го поминуваме месецот. Голем проблем е ова. Владата не ни помогна ништо, ви кажувам право. Ние занаетчиите немаме никаква помош. Не знам дали во оваа Македонија има само ресторани и кафулиња?“.
Занаетчиите велат дека Владата треба да започне да ги олабавува мерките за да можат да имаат работа барем во текот на летото.
„Според епидемиолошката состојба, постепено треба да прават отстапки, бидејќи парите што треба да се потрошат тука, особено што ги носи дијаспората, владата треба да најде можност да се потрошат тука, а не да ги носат во соседните земји.“
И другите еснафи кои работат во Чаршијата исто така се борат за опстанок. Се надеваат дека ако се дозволат забави, заедно со доаѓањето на печалбарите и туристите, ќе ја преживеат и оваа година.
„70% е намалена работата, со тие 30% ги држиме работниците и продавниците, тоа што останува го земаме ние. Да нè ослободат, да работи народот како што треба, да доаѓаат туристи, како што и претходно имавме туристи, тоа ни помага … Свадбите повеќе да не се забрануваат затоа што целата наша работа се свадбите, ако нема свадби, нема работа.“
„Влијанието е многу големо, како што можете да видите нема луѓе, иако поминаа две недели од светиот месец Рамазан, нема движење, ниту луѓе ниту бизнис. Сметаме дека една недела пред Бајрам ќе има движење, затоа што луѓето треба да купуваат облека и храна.“
Сепак од Владата сè уште не соопштуваат дали летово е можно да се дозволи организирање на групни прослави.
Мефаил Исмаили