ВМРО „ќе ја брани’ Македонија со блокирање булевари среде најголемите гужви

Додека Владата не го стави на увид патоказот за решавање на спорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира секој ден од 15 до 17 часот, на три локации во главниот град – на крстосницата пред трговскиот центар „Мавровка“, пред Собранието, предо зградата на поранешна „Нова Македонија“ и во десет други градови. Лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски вели дека има информации оти патоказот кој владата го чува во тајност, ги става на преговарачка маса македонскиот идентитет и јазик.
Мицкоски зборуваше и за локалните избори. Вели дека во моментов се разгледуваат имињата на над 40 потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници. Имињата ќе бидат објавени до крајот на јули, додека за кандидатот за градоначалник на Скопје, во септември.
Mefail Ismaili