ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа 2 нови хоспитализирани пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 2 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Advertisements

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ 8 Септември.Немало приеми ниту на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button