РЕГИОН

Викендов 11 косовски граѓани беа депортирани од воените зони во Сирија

Викендов 11 косовски граѓани биле депортирани од воените зони во Сирија. Косовскиот министер за внатрешни работи соопшти дека со враќањето на своите граѓани од Сирија, Косово ги исполнува должностите кон своите граѓани, но и кон Глобалната коалиција за пораз на милитантната група Исламска држава. Косово е дел од оваа коалиција од 2014 година.

Соединетите Американски Држави му честитаа на Косово за враќањето на овие лица, нагласувајќи дека Косово е лидер во борбата против тероризмот и екстремизмот. Од избувнувањето на конфликтите во Сирија и Ирак во 2011 година, околу 400 косовски граѓани заминале таму. Досега се вратени 240 од нив. На крајот на минатиот месец, според косовската полиција, во тие зони има уште околу 100 косовски граѓани, меѓу нив мажи, жени и деца.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button