ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Колку еден повратник од Сирија или Ирак ќе се реинтегрира, зависи од самата личност

Планот за ресоцијализација на повратниците од ИСИС во земјава постои, но потребна е поголема стручност и посветеност на институциите за затворениците и нивните семејства побрзо да се ресоцијализираат и да се интегрираат во родниот крај. Ова е ставот на Самет Шабани од невладината организација „Хоризонт Цивитас“, кој помогна 12 семејства на повратници да се поврзат со Центрите за социјална работа и да добијат некаков третман на ресоцијализација.

„Технички, повратниците поминуваат преку процес на ресоцијализација додека се во затвор, особено последните три месеци пред нивно пуштање, но за да има ефект од овие процеси, тие треба да се фокусираат на потребите на секој повратник поединечно. Во оваа насока би рекол дека треба да имаат поспецифични програми кои ќе ги третираат проблемите со кои се соочиле овие граѓани. Има и друг дел кој е доста важен, тоа е периодот после издржување на казната“, вели Самет Шабани – НВО „Хоризонт Цивитас“.

Имено, институциите треба да им овозможат втора стабилизација во општеството за тие да не ги повторат грешките. Со Планот за ресоцијализација кој не е јавно достапен, но невладините имале увид, воспоставена е правна помош, но колку еден повратник целосно ќе се интегрира зависи од самата личност.

„Гаранција нема но, важно е да се прават напорите од страна на институциите… Важно е овој процес да се одвива со големо трпение и со целосна посветеност од страна на институциите, на две или три години може да има оптимални резултати“, додава Шабани.

Шабани вели дека е потребно и да се смени наративот – наместо само за безбедност и терористичка закани, да се пристапи кон креирање и промовирање на социо-економски политики за повратниците. Пред една година, во Куманово беа уапсени три лица под сомнение дека планирале напади на витални објекти во државата. Тоа беше прв случај каде по одлежувањето на затворот, наши повратници од воените зони повторно му се вратиле на оружјето.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button