ЗДРАВСТВО

Неделава дискусија за евентуални мерки поради делта сојот, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека поради детектирањето на индиската – делта варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување мерки на границите при влез во Северна Македонија, но не и реорганизација на она што сега функционира како што се отворени установи со протоколи. 

Advertisements

До крајот на неделава Комисијата за заштита од заразни болести треба да ја разгледува актуелната состојба со делта сојот и да одлучи дали на граничните премини ќе се воведе дополнителна мерка за влез во земјава да се поседува негативен ПЦР тест. Како што објасни министерот за здравство Венко Филипче тоа ќе важи за сите граѓани од земјава кои што патувале во странство.

– Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, изјави Филипче по средбата со академик д-р Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија од Македонската академија за наука и уметности (МАНУ) 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button