ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени девет танчерки во угостителски објект во Тетово

Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ биле затекнати девет женски лица на возраст од 22 до 44 години кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири наши државјанки.

Advertisements

Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници.

– На 10/11.07.2021 година во времето од 23:50 до 01:00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ, информираат од МВР.

Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button