Предлог-законот за државјанство оди во Собрание со европско знаменце

Владата на вчерашната 87-ма седница на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, во кој вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини до Собранието ќе биде доставен со европско знаменце. Како што соопшти владината Прес-служба, основна цел на овој Предлог-закон е дорегулација на одредени прашања кои во досегашната имплементација на Законот за државјанството се наметнаа како реални, за кои државата треба да изнајде законско решение со кое во претстојниот попис како најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција на официјалната статистика, според единиците кои се опфаќаат, реално ќе се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите во државата.