СВЕТ

Меркел со јасна порака: “Нешто мора да се направи, треба да побрзаме“

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека „најголемата европска економија мора да работи побрзо и подобро во борбата против климатските промени“.

Оваа изјава се однесува на катастрофалните поплави што ги погодија германските провинции Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц.

Advertisements

Ова е најголемата природна катастрофа во Германија во последните шест децении, објави Ројтерс.

„Во врска со сè она што го гледаме во Германија и околностите под кои се случуваат работите, сè укажува на тоа дека мора да се стори нешто во врска со климатските промени“, им рече Меркел на жителите на Аденау во германската провинција Рајнска област-Пфалц

Меркел додаде дека работата е итна, дека мора да се побрза во борбата против климатските промени.

Во поплавите во Германија досега загинаа 157 лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button