Предлог-законот за државјанство на пленарна седница задутре

Предлог-законот за државјанство во четврток ќе биде точка на дневниот ред на пленарната седница на Собранието. Премиерот Зоран Заев најавува дека ќе побара од Левица појаснувања за нивните закани дека ќе го парализираат Собранието. Заев вели дека предлог-законот за државјанство се заснова на европски регулативи.
Албанската опозиција очекува законот да биде одобрен пред Собранието да замине на годишен одмор. Извори на Алсат велат дека за процесирање на законот во Комисијата за европски прашања како матично тело, ќе се одлучи во координацијата што следува по усвојувањето на потребата на законот. Согласно член 171, кога предлог-законот е предложен со скратена постапка и носи европска sвезда, Собранието освен што не одржува општа дискусија, во работното тело второто читање не може да трае повеќе од 3 дена.
Албанската опозиција го чека усвојувањето на законот, но Левица најави кривични пријави против предлагачот, потписниците, спикерот на Собранието и претседателот ако првиот човек на државата го потпише указот по евентуалното усвојување.
Адриан Керими