ЗДРАВСТВО
Бројот на нови случаи со Ковид продолжува да расте

Во последните 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на коронавирус во земјава. Скопје и Тетово повторно се градови со најмногу заразени, додека регистрирани се и 2 починати. Во моментов има 456 активни случаи со Ковид во земјата. Во меѓувреме, процесот на вакцинација е во тек. Во последните 24 часа вакцинирани се 11.946 граѓани, од кои 3109 со прва доза. Вкупниот број на вакцинирани лица достигна 510.197 лица, додека 381.182 граѓани се вакцинирани со две дози. За да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинираат 70-80% од населението.