ЗДРАВСТВО

Сертификатот за вакцинација во сѐ повеќе земји станува секојдневие, велат од МЗ

Министерството за здравство информира дека во земјава досега се детектирани триесетина случаи со Делта варијанта, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па многу е веројатно истото да се случи и кај нас.

Advertisements

Како што се додава во соопштението:

Делта сојт на СарсКов2  ја прави вакцинацијата уште поважна, оттука мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично. Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа. Мерките кои ќе стапат на сила ги најавуваме, ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, многу по рестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот.

Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати, кои во Австрија се сè уште неопходни за посета на ресторани, хотели и спортски центри. Вакви мерки се актуелни и во Португалија и Ирска, додека во Луксембург се построги и вакциналниот сертификат е задолжителен и при влез во маркетите.
Приложувањето на сертификат за вакцинација во затворените угостителски објекти минатиот месец стапи на сила и во соседна Грција, со цел во туристичката сезона да се заштитат домашните работници, но и големиот број странски туристи кои влегуваат во земјата.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button