ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нови 459 случаи на корона, 21 починати пациенти

Во текот на последните 24 часа на национално ниво, од извршени 5.416 тестови, регистрирани се 459 нови случаи на Ковид-19, од кои 235 само во Скопје. Починале 21 пациенти. Институтот за јавно здравје објави и дека во истиот период се излекувале 368 пациенти, пренесува Алсат. Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 180.045 случаи на Ковид, од кои 158.809 се опоравиле, а 6.065 починале. Во моментов има 15. 171 активни случаи.