ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре почнува аплицирањето за студентски стипендии

Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври.

Advertisements

Од Министерството посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава – евидентен лист, и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button