ВМРО со услов за присуство во работната група за изменување на Законот за јазиците
Политичките партии ја поздравија најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, за работните групи за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка и Законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ бара вклучување на препораките на Венецијанската комисија. Според партијата оваа иницијатива докажува дека Законот за јазиците е неуставен.
За ДУИ, одредбите од Законот за употреба на јазиците се неприкосновени, и велат дека ќе учествуваат во работни групи за олеснување и усогласување на судските постапки со Законот за употреба на јазиците.
„Одредбите од Законот за употреба на јазиците треба да се рефлектираат во Законот за кривична постапка и другите закони, имајќи предвид дека Законот за јазиците ја ажурираше кохезијата, надминати се сите неосновани предрасуди дека на земјата и се случува нешто лошо ако Албанците сакаат употребата на албанскиот мајчин јазик во сите институции, вклучително и судските постапки “, рече Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.
Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека во моментот прашањето за законските измени го разгледуваат експерти и наскоро се очекува да излезат со унифициран став како коалиција. Овие два субјекти во претходниот состав го поддржаа усвојувањето на Законот за употреба на јазиците.
Adrian Kerimi