ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За викендите дополнителна топлина и струја од „ТЕ-ТО“

Владата ѝ наложи на гасната централа ТЕ-ТО во Скопје да произведува струја и топлинска енергија и за време на викенди, а не само од понеделник до петок. Произведената струја ќе треба да ѝ ја продава на државната ЕСМ по цена до 170 евра за мегават час. Имено, оваа фирма работи на гас, а произведува топлина само кога произведува струја. Топлината потоа ја презема Балкан Енерџи, фирма која снабдува со парно најголем дел од Скопје. Во меѓувреме, сè уште ниту една компанија за топлинска енергија не одговорила дали ја прифаќа понудата на Владата од шест милиони евра државни пари со цел да се покрие разликата од 14% повисока цена за греење. Во замена за тоа – сметките на граѓаните да останат исти.

„БЕГ не може да достави банкарска гаранција, ние не може да даваме кредити во име на Владата без никако да бидат гарантирани средствата кои излегуваат од буџетот. Немаме одговор за предлогот за да ја покриваме разликата до реалната цена.“

Власта и опозицијата изминативе денови си разменија низа обвинувања за состојбата со парното и за тоа чија надлежност е покривањето на трошокот што го имаат компаниите. Град Скопје се прогласи за ненадлежна институција за парно греењето, со образложение дека ниту има законска рамка, ниту пак ќе се планира да се одвојат пари од градскиот буџет за да се покријат повисоките сметки на граѓаните. Цената на парното со самиот почеток на годинава се зголеми за плус 14 насто поради високата цена на гасот.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button