ЕКОНОМИЈА

Фатмир Бесими открива детали од состанокот на економската комисија меѓу РСМ и Бугарија

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва во „Економски магазин“ ги откри деталите од првиот состанок на работната група за економија, инвестиции меѓу РСМ и Бугарија. Тој рече дека секоја недела ќе има средби од различни групи, додека секоја група ќе има средби секој месец, еднаш во Скопје и еднаш во Софија.

Advertisements

„Ова беше прва средба по заедничката седница одржана во Софија минатата недела меѓу Владата на РСМ и таа на Бугарија, на која беа формирани работни групи. Првата работна група, онаа која се занимава со економија, инвестиции и трговија, првата средба се одржа оваа недела и динамиката е следна, секоја недела ќе има средби од различни групи, додека секоја група ќе има секој месец состаноци, еднаш во Скопје еднаш во Софија. Идејата на нашата средба беше да разговараме за овие области поврзани со начинот на соработка на агенциите, институциите кои ќе ги поддржат иновациите, инвестициите и покрај тоа да ја зајакнеме економската соработка и тоа да не остане само на хартија, дел од Втората средба се одржа во соработка со стопанските комори, од Северна Македонија и од Република Бугарија“, рече Бесими.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button