Затворањето на училиштата не е ефикасна мерка во борбата против пандемијата на коронавирусот, рече регионалниот директор на Европскиот оддел при Светската здравствена организација, Ханс Клуге.
„Затворањето на училиштата не придонесува многу за борба против инфекцијата, па затоа треба да останат отворени“, напиша Клуге на својата страница на Твитер.
На 11 март, Светската здравствена организација епидемија на корона вирусот, ја прогласи за пандемија. Според последните податоци, досега во светот се заразени над 43,8 милиони луѓе, од кои повеќе од 1,1 милиони починаа. Во моментов има 10,4 милиони активни случаи ширум светот.