СПОРТФУДБАЛ

Капитените на Барселона со остра писмена реакција до управата на клубот

Екипата на Барселона е заглавена во институционална криза со непредвидливи последици. После понижувачкиот пораз од Баерн Минхен со 2:8 пред нешто повеќе од два месеци, клубот се најде во сериозен нокдаун. Во меѓувреме, беше побарано гласање за недоверба на претседателот Хосеп Марија Бартомеу, играчите се закануваа за напуштање на клубот и ситуацијата беше постојано напната.

Последниот „испад“ на управата на клубот беше барањето за намалување на платите на играчите за 30 отсто.

Според шпанскиот дневен весник „Мундо Депортиво“, четворицата капитени на тимот, Лео Меси, Жерар Пике, Серхио Бускетс и Серхи Роберто, испратиле писмо до претседателот Бартомеу и неговите соработници, опишувајќи го намалувањето на платите како „непријатно“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button