ЕКОНОМИЈА

Завршена амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот заврши доцна синоќа, соопшти денеска заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски.

Како што кажа тој, мерките кои се имплементирани во ребалансот на Буџетот се во насока на одржување  на стопанството.

– Вчера до доцна во ноќта, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија ја завршија амандманската расправа во однос на ребалансот на буџетот. Мерките што Владата ги предложи, а кои се имплементирани во вториот ребаланс на Буџетот на 2020 година, се во насока на одржување на стандардот на населението во светло на економската криза што ја имаме во Европа и во целиот свет, а вклучително и во нашата држава, изјави Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button