МАКЕДОНИЈА

Фетахи: Дводомен парламент, дел од платформата на Алијанса

„Дводомен парламент“ е дел од политичката платформа на Алијансата за Албанците, што беше изгласано на последниот конгрес на оваа партија. Но, Фетаи вели дека таква организација на државата може да се реализира кога партијата ќе биде дел од Владата, што според него ќе се случи на следните избори за кои претпоставува дека ќе се одржат наесен.

„Ова го имаме како дел од платформата, значи не е бескорисна изјава, празна изјава, тоа е дел од политичката платформа, изгласана на Конгресот на Алијансата за Албанците во месецот што го оставивме зад нас и тоа е заложба зад која ќе стоиме цврсто, како што застанавме зад него во годините што ги оставаме зад нас, но колку ќе се реализира останува да видиме по следните избори и соодносот на политичките сили во државата… Веруваме дека ќе биде дел од идната влада. Кога ќе се одржат изборите има различни гласови. Веруваме дека оваа година ќе има избори дефинитивно, на есен веројатно ќе одиме на избори“, рече Фетаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button