МАКЕДОНИЈА

Судир во „Патот кон“ меѓу ДУИ и Алијанса за уставните измени

Темата на вечерашната емисија „Патот кон …“, за уставните измени, предизвика жестока пресметка меѓу Фатон Ахмети од ДУИ и Арбен Фетахи од Алијанса. Ахмети во текот на дебатата истакна дека за уставните измени треба сериозно да се размислува и да се дојде до консензус меѓу сите политички субјекти.

„Сите промени кои би довеле до нов момент, се моменти на кои треба посериозно да се размислува по консензусот меѓу сите политички сили во државата. Но, имам прашање до господинот Фетаи. „Како планирате да направите напредок од ваков карактер кога на крајот на минатата година се обидовте да ја урнете власта со Апасиев, чија основна цел како политичка партија е целосно укинување на Охридскиот договор“, рече Ахмети.

Возврати Фетаи, кој нагласи дека Апасиев припаѓа на ДУИ.

„Апасиев е твој. Вие заедно со Апасиев, Мицкоски и Заев гласавте за стопирање на пописот. Секојдневно гледаме како Апасиев го прави мнозинството, кворумот во Собранието на Северна Македонија и само вие го поминавте чекорот на коалицијата со Апасиев“, рече Фетаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button