ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети „за“ средба, не за блокади

Може да има лидерска средба за прашањето за Бугарија, но не и да се разговара за блокадата, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, по најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на Собранието од 10 мај.

Advertisements

„Блокадите, бојкотите не се категорија на напредок на демократијата. Мислам дека средбите не се лоша работа, но не со условувања. Многу е важно да се состанат како да се затвори прашањето со Бугарија, што е спор што не спречува да напредуваме и да ги отвориме преговорите со Европската унија и секако ни треба етнички и политички консензус. Во оваа ситуација може да има дебата, може да има средби, но не и за блокадите“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ

Премиерот Ковачевски по се изгледа не мрда од функцијата, нема лидерска средба за предвремени избори. Тој и неговата партија инсистираат дека имаат план за надминување на блокадата на ВМРО-ДПМНЕ, но не го обелоденуваат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за Топ чанел рече дека блокирањето на Собранието е погрешна одлука особено во време на криза предизвикана од војната во Украина и кога има сигнали да се добие датумот во јуни. Ваквата одлука, рече Џафери, не е во интерес на граѓаните, ниту на државата. Претседателот Стево Пендаровски во моментов не гледа подготвеност за лидерска средба, велејќи дека јазот меѓу двата политички блока во земјава се продлабочува. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button