ЗДРАВСТВО

Мали трикови на турската кујна за сладокусците

– Ако дневното мени стане премногу едноставно и монотоно, убаво би било да се додаде нешто ново на трпезата. Решението, можеби, се малите трикови на турската кујна… Иако кај нас е потешко да се најдат некои намирници, зачини и состојки, следат неколку корисни совети.

Ореви во салатата

Замислата тука е да се додадат неколку сечкани ореви во салата со домати и кромид. Ова значи хранлив оброк, што ќе направи да се чувствуваме сити, оти јаткастите плодови имаат и многу хранливи материи што не можат да се најдат во другите намирници.

Сосови и намази

Секогаш треба да се има барем неколку различни сосови на масата. Павлака со разни зачини, сенф, мајонез, лимон, обична павлака… Сѐ тоа може да му даде нови нијанси на оброкот.

Свежо нане во зелена салата

Во традиционалната турска кујна нането во салата е доста често. Значи, тука нема многу мудрост – се сечкаат неколку листови свежо нане во зелена салата и се зачинува како и обично.

Ванила сладолед

Во Турција, десертите се многу важен дел од кујната, а речиси секој содржи сладолед од ванила. Без разлика дали е алва, благо од тиква или овошна салата, ванилата оди со сѐ.

Прелив од калинка

И сокот, или сосот од калинка врз десертот е интересна промена. Но, тоа се користи и за во салати, маринади, но и како прелив за месо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button