ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бесими: Ребалансот е одговор на крзината состојба во државата

Ребалансот на буџетот се најде пред пратениците во матичната комисија за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими во своето експозе го оправда ребалансот како одговор на кризата во која се наоѓа земјата и за одржување на економската стабилност

Advertisements

„Износот од 54,5 милиони денари заедно со долгот кои што треба да се врати оваа година ќе се финансира од внатрешни кредити и заеми и надворешни заеми. Со ова ќе се овозможи да се финансираат идните пакети за справување со кризните состојби, продолжува таргетината помош за граѓаните, и ребалансот ќе биде одговор и на антикризното зголемување на минмалната плата, пензиите и социјалните трансфери и субвенциите на земјоделците“, рече Бесими.

За опозициските партии ребаланост е доказ дека земјата е пред банкрот, економски е уништена на грбот на граѓните кои повеќе осиромашуваат. Од партијата Алијанса на Албанците нема да дадат поддршка на предлог ребалансот.

„Ние како парламентарна група имаме 28 предложени амандмани и нашите амандмани се однесуваат за субенции на граѓаните за електрична енергија, помош за граѓаните за полесно да се справат со кризата. Ние како политичка партија нема да го подржиме ребалансот на Владата, сметаме дека не е добро структуриран“, изјави Елми Азири, пратеник од Алијанса на Албанците.

Од ВМРО- ДПМНЕ имаат поднесено 174 амандамни со кои ќе интервенираат за повеќе пари да се одвојат за помош на граѓаните.

„Не знам како планирате да им помогнете на граѓаните во Р.Македонија во услови на вака поскапени цени, на троцифрена цена на горива инфлација која во мај е 12 проценти, а во јуни сигурно ќе биде над 15 проценти со 75 милиони евра за кои што декларативно велите кај најранливите но дали тие средства ќе завршат како средства за ликидна стабилност на ЕЛЕМ“, рече Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО- ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека мерки ќе има за помош како што имало и досег.а

„Немате аргументи и ние ќе си ја кажуваме правата вистина јас мислам дека сакате да јавате на бранот на незадоволства на покачување на цените и ние јавно ќе ви кажеме не можеме да кажуваме ниту да ниту не зошто знаеме дека се покачени прехранбените производи и тука сме да разговареме зошто е тоа така“, рече Диме Велков, СДСМ.

Со овој ребаланс, државата планира да се задолжи 900 милиони евра, а не е исклучено овој долг да надмине и една милијарда. Приходите се предвидени на 4 милијарди евра, а расходите на 4,7 милијарди.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button