ВЕСТИРЕГИОН

Фронтекс: Во Западен Балкан, речиси три пати повеќе нелегални премини на границите

Агенцијата на ЕУ за заштита на границите и крајбрежјето (Фронтекс) објави дека во периодот од јануари до мај оваа година на Западен Балкан, според прелиминарните податоци, биле забележани 40.675 илегални преминувања на границата на ЕУ, речиси три пати повеќе од истиот период лани. Оваа рута, која сочинува речиси половина од сите нелегални гранични премини на ЕУ најмногу ја поминале Сиријците и Авганистанците. Вкупно 86.000 илегални преминувања на границите во ЕУ се регистрирани во првите пет месеци од оваа година, или 82 насто повеќе во однос на истиот период во 2021 година, се наведува во извештајот на агенцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button