ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Комисиската расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот за 2022 година продолжува денеска во 11 часот. Во вчерашната расправа пратениците од опозицијата и власта останаа со спротивставени ставови. Според пратениците од власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а од опозицијата остануваат на ставот дека буџетот е несоодветно димензиониран и се полни единствено на грбот на граѓаните. Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ребалансот е задоцнет и дека Владата требаше поефикасно и понавремено да реагира, имајќи ја во предвид и војната и генерално сите ефекти кои подоцна дојдоа како економски неповолни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button